Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 32 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во следните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во петок и деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температурите ќе бидат во благ пораст.