Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а највисоката дневна температура ќе биде од 24 до 30 степени. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 28 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Ќе продолжи периодот на релативно топло време, а во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.