Денеска во Битола, министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со министерката за образование Мила Царовска и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер официјално го пуштија во употреба делот за сместување на студенти со посебни потреби.
Просторот е комплетно реновиран, а е дел од проектот „Изградба на инфраструктура за социјална инклузија во Пелагонискиот регион” од страна на Министерство за локална самоуправа во соработка со Швајцарската влада..
– Со адаптацијата на овој простор обезбедивме услови за едукација, информирање и инклузија на различни ранливи категории во регионот, како што се: деца со посебни потреби и нивните родители, млади лица со посебни потреби, а исто така ќе придонесе и кон воспоставување на нови партнерства и синергии помеѓу сите чинители на социјалната инклузија во регионот и пошироко. По завршувањето на проектната имплементација, постигнувањето на целта на проектот ќе обезбеди поволна средина за давање на психосоцијална поддршка на лица од ранливи категории преку креирање на соодветни инфраструктурни услови за таа цел. Вкупната вредност на проектот е над седум милиони денари – рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Во својата изјава министерката за образование Мила Царовска рече.
– Со партнерства меѓу централната и локалната власт, како и со меѓународните партнери можеме да постигнеме одлични резултати што се од интерес на сите што студираат во Битола и ги користат можностите на студентскиот дом кој од денес е пристапен за лицата со попреченост. Наша главна водилка низ поцесот на образование е сите ученици независно од нивниот развој да имаат еднаков пристап до сите услуги во основното, средно и високо образование, но исто така и пристап до сместувачките капацитети. Овој студентски дом во иднина ќе го користиме како модел за пристапност, но исто така и за начинот на кој условите и целата внатрешна инфраструктура се поставени – рече министерката Мила Царовска.
– Особена сум благодарна на процесот на партиципативност од страна на граѓаните на целиот регион за да се избере овој проект и успешно да се реализира. Горда сум на овој студентски дом кој треба да претставува пример за останатите студентски домови во државава, истакна Амбасадорката на Швајцарија – рече амбасадорката Сибиил Сутер.
– Денешниот проект симбол на значењето на заедништвото, здружувањето. Сите девет општини кои здружено го финансираат Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, заедно, здружено со форумот на заедниците – граѓаните со МЛС и МОН, менаџерскиот тим на студентскиот дом, но што е најважно заедно со нашите пријатели од Швајцарската агенеција за обнова и развој која го финансираше проектот, покажаа дека ништо не е непремостиво. Обезбедени услуги за поддршка на лицата со потешкотии во мобилноста при студентскиот дом „Кочо Рацин“ Битола – рече градоначалничката Наташа Петровска.
М.М.