По именувањето на Златко Ќурчиевски за нов директор на РЕК „Битола“, дојде до смени и на директорите во рудникот и за производство.

За нов директор за производство е именуван Стефче Божиновски, кој доаѓа на местото на Златко Ќурчиевски, а за доволни количини на јаглен во rудникот „Суводол“ ќе биде задолжен новиот директор на ПЕ Рудници, Драган Видановски.

– Со зголемувањето на производството и намалувањето на трошоците за производство, ќе генерираме поголеми заштеди кои ќе ги инвестираме не само за потребите на производствениот процес, туку и во проекти од пошироко значење за заедницата. Еден од нив секако е реконструкцијата на електростатските филтри, за што месецов ќе се одржат преговори со три компании кои треба да понудат прифатливи решенија – рече првиот човек на РЕК Битола Златко Ќурчиевски.

Инаку кадровски смени во наредните денови ќе има и ЕСМ, најави генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски.

По именувањето на Златко Ќурчиевски за нов директор на РЕК „Битола“, дојде до смени и на директорите во рудникот и за производство.

За нов директор за производство е именуван Стефче Божиновски, кој доаѓа на местото на Златко Ќурчиевски, а за доволни количини на јаглен во Рудникот „Суводол“ ќе биде задолжен новиот директор на ПЕ Рудници, Драган Видановски.

М.М.