По повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Прилеп, традиционално по 14-те пат се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“ на која учествуваа повеќе од 500-тини љубители на велосипедизмот.
Градоначалникот Илија Јованоски, во поглед на подобрување на условите на велосипедската инфраструктура, потенцираше дека во тек се припремите за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“ и на дел од улицата „Прилепски Бранители“ каде ќе бидат изведени велосипедски патеки во двете насоки. Ќе се работи на реконструирање, поврзување и обележување на постоечките патеки и дооформување на велосипедската мрежа, а од наредната година се размислува да се водеде и мерката за субвенционирање при купување на нов велосипед.
Според Драган Димитриоски, претседател на клубот „Илинден“, целта на трката е да се промовира велосипедот како еколошко и најприфатливо средство за патување кое не ја загадува животната средина.
По стартот учесниците возеа до населеното место Мало Коњари и назад до градот. Во трката се приклучија и велосипедисти од Кривогаштани, Битола и Гостивар. На спортскиот аеродром во Мало Коњари беа доделени традиционалните награди за најмладиот и најстариот учесник на трката.
Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на општина Прилеп.