Драма се случуваше доцна синоќа на асфалтот пред месноста Маренски уши. Поради преголем товар се лизна и падна коњ на патот Неготино – Кавадарци.
Ветеринарниот лекар Светомир Милошевиќ случајно минуваше оттаму и застана да помогне.
-Јас сум од Кавадарци, но се враќав од демиркапиското село Бистренци. Имаше таму некоја слава. Со алишта и стока го натоварив коњот Мартин. Што да правам, на тоа ме тера сиромаштијата, рече сопственикот.
На патот, иако фреквентен, никој друг освен ветеринарот Милошевиќ не застана да помогне, ниту да праша што е проблемот. Со светла од мобилните телефони тој успеа да го отплетка коњот, во исто време сигнализирајќи наоколу за да не налета случајно некое од возилата.
Штом се исправи и застана на нозе, коњот веднаш почна да јаде од гранките наоколу.
Милошевиќ апелирадо сите кои имаат животни, да бидат внимателни со нив, совесно и одговорно да ги чуваат.