Екипи на ЈП „Шарри“ деновиве ја санираат водоводната линија во селото Палчиште. Како дел од овој проект се санира оштетената водоводна мрежа во ова населено место, односно се инсталираат нови цевки со должина од 70 метри.
Проектот предвидува и изградба на нов резервоар, кој ќе собере вода од повеќе извори, со што ќе се зголеми капацитетот на водоснабдувањето и ќе се санира постојниот резервоар за вода.
Општината Боговиње, откако набави два багери, кои сега се користат за потребите на јавното претпријатие „Шарри“, значително го подобрува квалитетот на услугите до граѓаните.