Започна да се проширува црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница. Неделава започнаа подговителните градежни работи според планот за изградба на нови надворешни ѕидови кои потоа ќе се спојат со црквата во поголем објект. Целта е да се добие поголем простор кој ќе може да собере голем број верници во внатрешноста на црквата.
– Ќе се градат надворешни ѕидови лево, десно и напред пред вратата. Потоа кога ќе се
изградат ќе се отвори кровот на црквата и ќе се изгради купола која ќе се држи со лаци на надворешните ѕидови. Всушност, старата црква ќе биде внатре. Кај олтарот ништо не се менува, нема градежни работи, останува ист. Само ќе се добие поширок наос (место за верниците во црквата при богослужба). Понатаму во предниот дел се планира продаваница за свеќи и сувернири, а десно крштилница. Сето ова ќе биде во склоп на целата црква. Откако ќе се заврши со црквата ќе се работи надвор на партнерно уредување, изградба на нов базен за Водици и летниковци, да се подобри зеленилото со што дворот значително ќе се видоизмени – изјави протејереј Ивица Спасеноски, старешина на црквата.
Со помош на донации на верниците планирано е изгради проширувањето.
– Финансиски конструкција за црквата до карабина е завршена, собрани се средства. Во иднина ќе требаат средства за врати, прозорци, за малтерисување и фрескоживописот. Поголемиот дел е обезбедено од црковното настојателство благодарение на верниците од Брвеница кои 12 години досега дарувале и спонзорираа. Поголем дел дава Ратко Анѓелковски-Кифла, иницијатор за проширување на црквата – рече протојереј Спасеноски.
По повод почетокот на градежните работи за проширување и обновување на црквата „Свети Атанасиј“ во Брвеница, в недела на 16 септември ќе се изврши водосвет и молебен за успешен почеток.
– Се покануваат верниците за што помасовно присуство на молебенот за успешно проширување и обновување на црквата Заинтересираните верници кои сакаат за здравје да донираат и да помогнат во изградбата истото можат да го сторат лично во црковната каса или пак на жиро сметката за донации – рече отец Спасеновски.
Со светата божествена литургија со почеток во 8.30 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот тетовско – гостиварски Господин Јосиф. Во 9.30 часот е водосветот и молебенот, а од 10 часот братско–сестринска трпеза на љубовта. А.С.