По две години од стапување во сила на законот за заштита на укажувачи нема ниту еден пријавен случај на корупција, неетичност и неправилност во високото образование. Група на стручни лица од областа на правото поради ваквата состојба се обидува преку обуки да ги запознае студентите и академскиот кадар како да пријавуват и одржуваат заштита на укажувачите. Институтот за стратешки истражувања и едукација ваква обука одржа во соработка со Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа.

-Веруваме дека засегнатите лица, пред се студентите не се доволно инфомирани како се користи овој правен механизам, каков вид на заштита можат да добијат. На ваквите обуки го истакнуваме опсегот на сите дејства од законот и начинот на заштита, вели Александра Деановска Трендафилова, универзитетски професор.

Студентите може да добијат заштита и ако случајот го пријават на самиот Универизитет.

-Законот предвидува постоење на овластени лица кои се обучени како да се спроведат заштитните механизми со цел да се заштити студентот, но и да остане неговиот идентитет зачуван-потенцира професорката.

Освен на универзитет, корупција, неетичност и слично според законот може да се пријави и обвинителство, полиција, државна комисија за спречување комисија и други институции.

А.С.