За прв пат од неговото основање, „Малиот битолски Монмартр“ годинава ќе се одржи без учество на младите ликовни уметници.

Организаторот на Манифестацијата и идејниот творец на „Малиот битолски Монмартр“, Коста Хаџиантоновски, иако сѐ уште размилува какво ќе биде годинашното издание, сепак речиси е сигурно дека на годинашнииот фестивал нема да учествуваат млади ликовни уметници не само од странство, туку и од земјата.

Околу стотина учесници на Колонијата, од преку 15 земји во светот Србија, Русија, Румунија, Тајланд, Малезија, Пекинг, Молдавија со тешко срце и големо разочарување веќе го известија Детското ликовно студио „Кирил и Методиј“ дека поради пандемијата со коронавирусот нема да можат да учествуваат на Колонијата.

Во таква ситуација на годинашното издание нема да учествуваат ни ученици од Битола и Македонија.

Според некои идеи за да не се прекине традицицијата, речиси е сигурно дека годинава, на 23 мај, ќе има само свечено отворање на Колонијата и Светската ликовна изожба.

На свеченоста која ќе се одржи во Старата битолска чаршија, сигурно ќе биде доделена „Гран При“ наградата на годинашната добитничка, Марија Дима од Романија, која треба да ја прими амбасадорот на ова земја во Македонија.

Марија Дима од Букурешт победи на конкурсот, кој траеше до 20-ти февруари, а на кој учествуваа околу 300 школи, ликовни студија, градинки од 33 држави со над 15.000 детски цртежи. Покрај наградата „Гран При“ стручното жири требаше да додели награди за учество на „Малиот Битолски Монмартр“.

Наградите вклучуваат награда за колекции, златни палети, дипломи, а селектираше 717 најдобри дела за 38-та Светска изложба. На добитниците на признанијата сите награди ќе им бидат испратени по пошта, истакнуваат од организаторот на Колонијата.

М.М.