ПРИЛЕП

Во општинското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп почна изградба на спортска сала, со што се реализира нова капитална инвестиција во училиштето. Салата ќе биде мултифункционална и енергетски ефикасна, а е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата. Договорот за нејзината изградба го потпишаа надлежните во Министерството за образование и наука, во Општина Прилеп и раководството на училиштето.
Се работи за типска фискултурна сала модел-1, на површина од 650 квадратни метри, со соблекувални, санитарни јазли, туш-кабини и кабинет за наставниците. Со изградбата на салата ќе се обезбедат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование.
Спортската сала ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика, спортови потребни за правилен раст и развој на децата.