ГЕВГЕЛИЈА

Деновиве активно се работи на подготовките за изградба на западниот булевар Св. Климент Охридски во општината Гевгелија. Градежната фирма „Еуроинг“ со својата механизација започна со изведбените работи за расчистување на теренот каде што ќе се простира булеварот.
– Речиси една деценија се зборува за изградба на улицата Свети Климент Охридски во Гевгелија, поточно за продолжување на булеварот Гевгелија и неговиот западен крак, од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на Караорман, па до Динќут. Со изградбата на оваа значајна сообраќајница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот сообраќај од центарот на градот, кој досега се одвиваше преку улицата Петар Мусев. Во првата фаза од оваа улица, со должина од 1.230 м, предвидено е изведување подготвителни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина и спојување со Моински пат кај Динќут – истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.