Градоначалникот Борче Јовчески денеска изврши увид во градежните активности околу асфалтирањето на крак од улицата „Јоска Јорданоски“ во центарот на градот. Наредните денови, по завршување со градежните активности на оваа улица ќе се асфалтираат улицата „Браќа Ламески“ и дел од улицата „Киро Пајмакоски“.

– Деновиве се започна со реконструкција и рехабилитација на крак од улица „Јоска Јорданоски“, „Киро Пајмакоски„ и „Браќа Ламески“ во должина од 400 метри. Вкупната површина на која ќе се постави нов асфалтен слој е 960 м2. На оваа фаза и претходеле зафати околу нивелирање на шахтите. Реконструкцијата и рехабилитацијата на сообраќајниците ќе трае се додека дозволуваат временските услови – вели Јовчески.

Со реализацијата на овие градежни зафати, како и други планирани, значително ќе се
подобрат условите за одвивањето на сообраќајот во централното подрачје на Прилеп.
Ка.М.