ОХРИД

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид, започнаа градежни активности за асфалтирање на собирната улица и неколку нејзини краци во Кураичка Маала во селото Лескоец.
Придружуван од надлежните во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, увид на активностите на терен изврши и градоначалникот Константин Георгиески. Во разговорите што ги оствари со месното население беше истакната важноста на ваквите инвестиции за руралните средини.
Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање тесни улички на подрачјето на општината, во рамките на Програмата за уредување на градежното земјиште.
На овој потег во селото Лескоец, со средства од Општина Охрид, минатата година беше поставена и нова канализациска мрежа. Асфалтирањето на тесни улици ќе продолжи и во текот на наредниот период на повеќе локации во градот и другите населени места.