Со цел за рано предупредување, спречување и справување на несакани последици од пожари, РЦУК Кичево ја одржа 39-та седница на која присуствуваа сите релевантни фактори кои треба да придонесат за спречување на овие појави од ТПП-Кичево, ШС Лопушник, ПС-Кичево, Месни заедници од повеќе села, ЕЛС Кичево и други.

-Треба да продолжи досегашната практика на организирање на трибини за превенција, справување и заштита од шумски пожари. На овие трибини да се вклучат сите институции и организации на територијата на нашата општина за што поефикасно справување со овие појави, кои се можни во предстојните месеци-истакна Сузана Тасеска од РЦУК Кичево.

Од ТППЕ Кичево посочија дека во рамките на превентивните активности за заштита од пожари, се организираат квиз натпревари, се врши едукативна настава и се дистрибуираат пропагандни материјали.

Во рамките на многубројните активности во дворот на училиштето „Милтон Гура“ во село Стрелци, беше извршена презентација на противпожарната опрема која ја поседува едно специјално возило за ППЗ.

З.А.