За денот на ЦУК, во Институтот за трансфузиона медицина во Кичево, беше реализирана крводарителна акција, седма по ред. Акцијата што ја спроведе РЦУК ПО Кичево, беа вклучени и ОО на Црвениот крст од Кичево а се вклучија и вработени од повеќе подрачни оделенија.
– Денот на формирањето на Центарот за управување со кризи 5 октомври, го одбележавме со традиционалната крводарителна акција, во која покрај нашето одделение се вклучија и подрачните одделенија на ДЗС Кичево, МО ОО Охрид во град Кичево, ПС за ОН Кичево, акцијата ја надополнија и голем број доброволци, хумани луѓе од градот, кои подарија дел од најдрагоцената течност. При оваа акција беа собрани 25 единици на крв од сите крвни групи. До 5 октомври, денот кога пред 14 години е формиран ЦУК, ќе спроведеме и повеќе еколошки и други акции – истакна Сузана Тасеска, раководител на РЦУК ПО Кичево.