Денеска и утре, Општина Кичево организира Саем за вработување и кариера и промотивен настан вмрежување. На саемот за кариера се очекува присуство на голем број заинтерсирани страни.
– Целта на овој Саем е да им се даде можност на бизнисите, образованието од сите степени, како и на работодавачите да ги промовираат своите активности и да презентираат слободни работни места. Учесниците ќе имаат можност да се пријават за бесплатни практични обуки и да учествуваат во образовната онлајн платформа, играта за бизнис симулација и старт –ап натпреварот со едукативни работилници во Софија, Солун , Валона и Кичево – соопштуваат од општината.
Утре
ќе се случи промотивното вмрежување, во кое ќе се вклучат ученици, студенти, локални претприемачи и други заинтересирани страни.Зоран Антоски