Спортскиот риболовец од Кичево Војо В. вчера во водите на реката Треска улови автохтона речна пастрмка капиталец тешка скоро 5 килограми, која според ихтиолозите е стара од 10 до 15 години.
-Како и многупати во изминатиов период и вчерашното попладне со својот блинкер отидов на река Треска да ја пробам среќата. И во еден брзак низводно од Кичево на мојот блинкер силно загриза уловениот примерок речна пастрмка со натприродна големина. Моќната риба повеќе од 15 се бореше. Станува збор за автохтона речна пастрмка, Салмо Македоникус, тешка околу 5 килограми и на возраст од 10 до 15 години. Според формата на устата заклучив дека се работи за мажјак и затоа можеби беше толку жестока борбата додека ја извлеков на суво. Јас сум спортски риболовец околу половина век и овој улов ми е еден од најдрагите – рече пресреќниот Војо,кој додаде дека и во изминатите години во неколку наврати уловил речна пастрмка, но со нешто помала тежина од денешниот капитален примерок.