Во присуство на премиерот на Владата, Зоран Заев, првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, УО на ЕСМ и менаџерскиот тим на РЕК „Битола“, денеска во најголемиот електро енергетски комбинат во државата РЕК „Битола“ свечено беа предадени во употреба новите шест еко-автобуси кои ги набави АД ЕСМ. Вкупната вредност на автобусите, кои се набавени од Турција изнесува околу 1,4 милиони евра.

Со новите еко-автобуси во иднина ќе се превезуваат вработените на РЕК „Битола“. Во исто време, кога автобусите нема да бидат ангажирани за превоз на вработените, тие ќе се користат за превоз на учениците и студентите од Битола, Новаци и Могила, а воедно овие еко-автобуси, АД ЕСМ како општествено одговорна компанија ќе ги издава за користење на разни здруженија, невладини организации и спортски клубови од трите општини.

М.М.