Сезоната на полагање на матурските испити, средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ ќе ја дочека во нови услови. Учениците ќе полагаат матура во комплетно реновирани простории со ново осветлување.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, на средбата со директорот на училиштето Александар Цветковски, беше запознаена со преземените реконструктивни зафати во училиштето.
Изминатиот период во училиштето целосно беше извршена реконструкција на електричното осветлување, по што е поставено ново енергетски ефикасно лед осветлување. Комплетно е саниран паркетот во училиштето, а во одредени училници е поставен нов паркет. Училниците ќе добијат и нова внатрешна дограма, со што се затвора ликот на современи училници за изведување на наставниот процес.
Инвестицијата на реконструктивните зафати во училиштето изнесува над 1.100.000 денари.
М.М.