Се дезинфицираа сите простории во училишните објекти

Охрид

Во рамките на оперативниот план на локалната самоуправа за превенција од ширењето на коронавирусот, деновиве продолжиja активностите за дезинфекција на училишните објекти на подрачјето на Општина Охрид. Екипите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ најпрвин ги дезинфицираа јавните површини во градот, населбите, улиците спортските и детските игралишта, плоштадот кај чинарот, градскиот кеј, урбаната опрема и други површини.

– Беше извршена дезинфекција на сите училници, ходници, канцеларии и помошни простории во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ и СОСУ „Свети Климент Охридски“. Претходно извршивме дезинфекција на сите основни училишта во општината – велат од локалната самоуправа на Охрид.