Екипа на Центарот за јавно здравје-Битола, денес во Кичево спроведува превентивно, теристичко, дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 часот со апаратура УЛВ за ладно запрашување поставена на пикап возило.
– Во оваа фаза со дезинсекција ќе бидат опфатени 800 хектари површина на локација на градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојни води, подрачјата околу каналските системи, урбани населби и локалитети, регистрирани со договор на локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците. Третирањето ќе се врши со широкопојасен инсектицид делтаметрин – информира Сузана Тасеска од ПО на РЦУК Кичево.
Во случај на појава на неповолни временски услови на дожд или ветер дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. З.А.