Во наредните два дена на територија на Општина Кичево ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција. Оваа операција ќе се изведува во текот на ноќните часови, почнувајќи од 8 часот навечер, па се до раните утрински часови. Ова е прва систематска дезинсекција во Општина Кичево спроведена летово.
– Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Општина Кичево во наредните два дена ќе спроведе превентивна систематска дезинсекција на целата територија на општината. Поради оваа операција се информираат пчеларите да ги заштитат пчелните семејства. Прскањето ќе го изврши ДПТУ Плант Медика ДООЕЛ од Куманово. Доколку временските услови бидат непогодни, дезинсекцијата ќе се спроведе наредните два дена. Инаку на 23 мај годинава, на територијата на нашата општина спроведовме и ларвицидна дезинсекција, како и дератизација на канализациските шахти – информира Емилија Петкоска, од Општина Кичево.
З.А.