фотографии: Зоран Антоски

Во центарот на Кичево цвеќарите, како од градот, така и од соседните градови, се присутни со својот асортиман, по повод * Март, со цел да остварат што поголем промет, бидејќи со тековното работење потрошувачката на цвеќе во овој период од годината и не е така голема.

Но и покрај зголемениот промет и интензитетот на купувачите присутен крај тезгите, сепак цвеќарите не се најзадоволни од остварениот промет, а причините ги лоцираат во иселувањето и се помалиот број на млади останати во градот.

– Да бидеме искрени, вчера и денес прометот е нешто подобар, но е далеку од оној што го имавме пред дваесетина години, кога бројките беа многукратно повисоки од она што денес го реализираме. Причините се повеќе од јасни,исселувањето на младите кои низ годините беа нашите најголеми купувачи го направи своето и затоа и прометот е далеку помал од оној што го остварувавме на почетокот од овој век. Но мораме да се соочиме со новата реалност бидејќи состојбите во градот и државата се поинакви од претходно – вели Стојанче, цвеќар од Кичево, кој потенцира дека и трошоците кои го чинат за закупување на тезга се доста високи а со тоа и приходите од остварениот промет помали.

Видливо е и се помалото присуство на цвеќари од другите градови, бидејќи и тие се свесни за актуелните состојби и неможноста да заработат онолку колку што планираат.

З.А.