КИСЕЛА ВОДА

Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди на територијата на Општина Кисела Вода, која започна кон средината на претходниот месец.
-Уште еднаш, сакаме да ги потсетиме сите жители од овој дел од градот дека услугата за собирање отпад можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331, секој работен ден, во периодот од 8 до 16 часот, заклучно со 15 октомври – информираат во Општината.