Продолжениот викенд, но и сончевите денови се причина што голем број граѓани одлучија продолжениот викенд да го поминат во Охрид.
Во кафулињата и рестораните се бара маса повеќе, а капацитетите на хотелите се исполнети до 30 поценти.
Охрид се подготвува за почетокот на летната сезона, очекувајќи странски туристи во првата половина на јуни.
Поради пандемијата, засега на сила остануваат сегашните мерки за заштита од ковид-19, со кои забрането е групирање, а маските се задолжителни.
Полицискиот час почнува од полноќ и трае до четири часот наутро.