Прогласени најдобрите работници на „Синохидро“ за 2018 година

Со пригодна свеченост во работничката населба во село Извор, кинеската компанија „Синохидро“, главниот изведувач на работите на автопатот Кичево-Охрид  и годинава ги прогласи најдобрите работници ангажирани во оваа компанија, кои по потекло се од земјава.

Беа избрани најдобрите 20 работници, кои добија и сертификат за ова своето годинешно остварување. Покрај двојазичниот сертификат, најдобрите работници добија и симболична парична награда, која е дополнителен стимул да продолжат по истиот пат.

-Работниците кои се ангажирани во нашата компанија, а потекнуваат од земјава, од почетокот на својот ангажман брзо се вклопуваат во потребите на нашиот колектив. Повеќето работници одговорно и стручно ја извршуваат својата работа, и им препорачуваме да продолжат  по истиот пат. Признанијата кои ги добија годинава најдобрите работници, очекуваме да бидат поттик и за останатите вработени и тие со добар пример да ги следат нивните стапки и да влезат во конкуренција за најдобри работници за следната година -истакна Жанг Хуа, еден од инженерскиот тим на „Синохидро“.

Наградените работници беа многу задоволни што се дел од групата најдобри работници прогласени за 2018 година. Еден од нив кој вторпат влезе на оваа листа е Дејан Тришоски.

-Мојот избор од страна на компанијата „Синохидро“, во групата на најдобри работници и во 2018 година, е најубавата награда за мене како вработен во оваа компанија и дополнителен комплимент за одговорноста со која ја извршувам својата работа. Задоволството е уште поголемо, бидејќи по втор пат су  во групата  на најдобри работници, со што сметам дека оваа компанија го цени и вреднува мојот работен ангажман.П аричната награда не ми е во преден план и сметам дека овој сертификат ќе ми послужи и во моите идни вработувања и за напредување во кариерата- истакна Дејан Тришоски, задоволен од добиената награда.

З.А.