Преполн контејнер во близина на Правниот факултет во Кичево беше турнат во реката Сушицва и целокупното ѓубре од контејнерот беше расфрлано по речното корито.
-Не можеме да го разбереме однесувањето на поединци кои како да ликуваат кога со своето однесување ќе придонесат да се влоши хигиената во поедини делови од градот. Денес бевме сведоци на еден таков чин кога граѓанската неодговорност го достигна својот врв и, кога полн контејнер беше турнат во градската река. И наместо за кус период со нашето специјално возило да ги испразниме контејнерите, сега ни се отвора дополнителна работа растуреното ѓубре од речното корито најпрво треба да го собереме, а турнатиот контејнер да го извлечеме од речното корито и да го поставиме на локацијата каде што му е и местото. Но не е ова осмаен случај, бидејќи во повеќе наврати од кејот на река Сушица во речното корито често беа фрлани бетонски корпи тешки и по педесетина килограми.После овие факти секој разговор на оваа тема е излишен –истакнаа од градското комунално претпријатие.