Јавното претријатие Македонија пат ја информира јавноста дека во текот на мај ќе се реконструира патната делница од Ратае до Шемшово, во општина Јегуновце во текот на мај и дека поради тоа ќе има пренасочувања во сообраќајот.

Оваа делница се користи и за пристапување до едно од најпосетуваните излетничка места Лешок при икслучување од автопатот Скопје-Тетово. Станува збор пат за регионалниот пат Р-29274 односно потегот од Ратае кон Жилче и од таму кон Шемшово.

Поради тоа ќе биде воспоставена забрана за сообраќај за тешки товарни возила додека останатиот сообраќај ќе се одвива по алтернативни патишта. На местата на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од јавното претријатие Македонија пат.

Изведувањето на работа на пат односно надоградба на коловозот ќе се одвива со почеток од 10-ти мај па се до 31 мај секој работен ден вклучувајќи ги и саботите.

А.С.