Советниците на ЛДП Битола деновиве до Советот на Битола ќе поднесат предлог улицата во Старата битолска чаршија, која води до Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, да го носи името на Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец на „Малиот битолски Монмартр“.
Ова денеска го соопшти локалниот лидер на битолските либералдемократи Александар Касапов.
– Советниците од ЛДП до Советот на Општина Битола, ќе поднесат иницијатива улицата која води до седиштето на „Мал битолски Монмартр”, во Старата битолска чаршија, да се преименува во Коста Хаџи Антоновски, човекот кој со децении беше на чело на Детското ликовно студио „Кирил и Методиј”, и меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр”. Ликот и делото на Коста Хаџи Антоновски мора да продолжи да живее – изјави денеска Александар Касапов, прв човек на битолската ЛДП.
Коста Хаџи Антоновски почина на 13 март 2021 година, на 86-годишна возраст.
Во далечната 1982 година тој за првпат ја организра детската ликовна колонија, на која учествуваа млади ликовни таленти од цел свет.
М.М.