Советниците на општина Прилеп денеска ја одржаа 38-та итна седница на која го усвоија предлог-буџетот за 2020 година, по забелешките што до Советот ги достави Министерството за финансии.
Министерството за финансии доставило допис за непочитување на буџетот за 2020 година што претходно беше усвоен, според кои основниот буџет бил над утврдениот лимит на приходи. Затоа беше потребно усогласување на сопствените приходи на основниот општински буџет.
– Со доставените забелешки, денеска беше усвоен консолидираниот буџет за 2020 година, кој изнесува 1.523.107.000 денари. Од нив, Основниот буџет е проектиран на 669.041.000 денари, односно точно во границите на дозволениот лимит – изјави Драге Звездакоски, раководител на сектор за финансиски прашања на Општина Прилеп. Ка.М.