Делчево
Општина Делчево издвојувајќи пари од буџетот инвестира во поставување улично осветлување во две населени места, делови од селата Очипала и Драмче, а работеше и на зголемувањето на бројот на светилките на уличното осветлување во некои од населбите. Со поставувањето улично осветлување им го реши долгогодишниот проблем на жителите од Студена Чешма во селото Очипала, кои првпат добија јавно улично осветлување, а се поставува инсталација за комплетно јавно осветлување и на Димовско Маало во селото Драмче.
Со поставувањето на комплетната инсталација во двете населени места се реши долгогодишен проблем и се одговори на барањето на жителите од овие места, кои и во 21 век немаа улично осветлување. Инвестицијата за броила, канделабри, светилки и комплетната инсталација е на Општина Делчево.
Во делот на уличното осветлување претходниот период се инвестираше и во зголемување на бројот на улични светилки во селата Разловци, Вирче, Стамер, Ѕвегорска Река и во градските населби Расадник и Милково Брдо, а улично осветлување првпат се постави и во селото Полето.