Во 2020 година првото новороденче во кичевската општа болница е здраво машко дете на Андријана Спироска, која претходно е мајка на едно девојче. Породувањето беше изведено со царски рез и мајката и детето се во добра здравствена состојба.
– Годинава во нашата болница првото новородено дете е син на Андријана Спироска, која на свет донесе здраво машко дете со тежина од 3,5 килограми и 49 сантиметри должина. Породувањето го извршивме со царски рез и во моментов и мајката и новороденото детенце се во добра здравствена состојба и за ден или два ќе ја напуштат нашата болница. Инаку факт е дека од година во година бројот на новороденчиња во нашата болница е во опаѓање, што е најдобра потврда дека имаме намален наталитет и се постаро население во општината – истакна д-р. Љупче Ристески, гинеколог од Кичево, кој го изведе царскиот рез за првенчето во кичевската болница. З.А.