Радовиш
Првото прскање против возрасни форми на комарци веќе почна, а ќе продолжи и денеска. Во периодот од 19 до 2 часот ќе се прска во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Во текот на вчерашниот ден се прскаше во Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и во Струмица.
– Центарот за развој на југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот, во согласност со одлуката на Советот за развој на југоисточниот плански регион, организира прво третирање, односно дератизација, дезинфекција и дезинсекција на комарци по земјен пат. Предвидени се вкупно две третирања за ларвициди и три третирања против комарци на територијата на југоисточниот регион, со вкупна површина од 5.376 хектари – соопштуваат од Општина Радовиш.
Од Општина Радовиш апелираат до сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во временскиот период кога ќе се врши најавеното прскање.