Министерството за локална самоуправа, предводено од министерот Горан Милевски, денеска му додели 12 милиони денари за набавка на две возила за чистење на отпад од битолските улици.
Со новите возила ЈП „Комунаец“ ќе може на многу подобар начин да се грижи за одржување на хигиената во градот. Тие ќе бидат користени за чистење на улиците „Широк сокак“, Градскиот парк и Шеталиштето.
По парите што ги доби деновиве ЈКП „Водовод“, ова е трето јавно претпријатие од Битола, кое во овој месец добива средства од Министерството за локална самоуправа и министерот Милевски.
М.М.