Во Битола почна реконструкцијата на ул. Ари Ангелевски, која опфаќа промена на канализационата мрежа, водоводните приклучоци и нов коловоз. По повод почнувањето на реконструкцијата, градоначалничката Наташа Петровска, заедно со тимот кој работи на овој проект, извршија увид во градежните активности и беа запознаени со динамиката на изведба на активностите.
За оваа улица, од општинскиот буџет се издвоени 2.015.502 денари за канализационата мрежа, за активностите во однос на водоводната мрежа 1.106.841 денар и за реконструкцијата на коловоз 2.339.428 денари, со што вкупната инвестиција на оваа улица е 5.461.771 денар.
– Реконструкцијата на улицата е дел од програмата на Петровска во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола – се вели во соопштението на локалната самоуправа на Битола.
М.М.