Општина Ресен денеска почна со исплатата на штети настанати од земјотресот минатата година.
Општинската прес-служба во изјава за МИА потврди дека ќе бидат обесштетени подносителите на барања за штетата направена од земјотресот во 2017 година.
-Со одлука на Владата на Република Македонија одобрени се 374.700 денари, средства од резервите на Буџетот на РМ за 2018 година за исплата на штети од земјотресот што го зафати Преспанскиот регион- информира Општина Ресен.