Министерката за одбрана Радмила Шекеринска преку Фејсбук објави дека починал поранешниот заменик-министер за образование и пратеник Тале Герамитчиоски (59).
Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер од 2002 до 2006 година во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.