По реакциите од граѓаните за енормната загаденост на воздухот во Прилеп во саботата, со над 1000 пм 10 честички, прес-конференција одржа градоначалникот на
Прилеп Илија Јованоски, кој посочи дека загаденоста била максимална заради теермичката дисперзија по котлините и дека Прилеп ги направил првите чекори со поставувањето на првата мерна станица која не била калибрирана.
– Години наназад немавме мерна станица. На мое лично инсистирање беше поставена
мерната станица два дена пред Нова година, период кога најмногу се користи јаглен, дрва, гума… Досега немавме можност да знаеме дали има загадување. Сега веќе имаме сознанија каква е загаденоста. Ова е период на тестирање и мерната станица опфаќа опсег од 300-400 метри. Како лекар знам што значи загаденоста за граѓаните, посебно за децата, болните… Стапивме во контакт со стручни лица, кои ги знаат состојбите на ова поле, за да можеме да почнеме со преземање на мерки. онтактиравме со фирмата „Инфо проект“ која има грант од Светска банка, и се планира да се постават 20 мерни станици низ градот за да се утврди колкава е загаденоста. Постоечката е пробна и служи за тестирање и не е калибрирана. Со нив ќе знаеме колкаво ќе биде загадувањето низ цела општина. На 25 јануари имаме состанок со нив за да се договориме за начинот и местата за поставување на тие мерни станици кои ќе покажат како треба да се справуваме со аерозагадувањето – посочи Јованоски.
Решението долгорочно се гледа во гасификацијата на општината кое треба да се случи за неколку години. Ка.М.