Попладнево во непосредна близина на село Србјани избувна пожар, гореа сува трева и грмушки. Поради сушата која е присутна во регионот, постоеше опасност од негово натамошно ширење, но по навремената интервенција на ТППЕ Кичево, пожарот е локализиран.
На самото место се следи состојбата со опжарените површини, како не би дошло до негово реактивирање и проширување. Засега е нејасно што е причината за овој пожар, но се чини како многупати досега, за појавата на пожарот главен фактор е човекот. Инаку и покрај долготрајната суша, пожарите во овој регион летово ги имаше во помал број, споредено со преходните неколку години, кога речиси да немаше ден без пожар.