КУМАНОВО
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово одржа состанок, на кој надлежните од институциите информираа за моменталната состојба со ковид-19, како и за активностите што треба да се преземат во наредниот период.
„Посебен акцент се стави на почетокот на учебната година, за состојбата во училиштата и протоколите за спроведување на наставата. Досега се набавени средства за дезинфекција и извршена е дезинфекција на училиштата за почнување на наставата со физичко присуство на учениците. На дел од училиштата од руралните средини им е обезбеден интернет за непречено одвивање на наставата. Градоначалникот истакна дека треба да се продолжи со редовно третирање на улиците во градот и делење пакети на социјално најзагрозени граѓани“, информираат во Општината.