Деновиве во Битола на улицата „Довлеџик“, во тек се активностите за дислокација на целата воздушна мрежа во подземна.
Тоа значи дека висечките кабли за телефонија, кабловските оператори и енергетските кабли на „Електро дистрибуција“, ќе бидат сместени како дел од подземната инсталација на ул. „Довлеџик“.
На овој начин, сите надземни висечки кабли, ќе бидат сместени под коловозот.
Овој зафат е дел од проектот за изградба на комплетна инфраструктура на ул. „Довлеџик“, која води на патот за Ресен и Охрид, каде претходно беше реализирано поставувањето на фекалната канализациона мрежа.
По овој зафат, потребно е да се отстранат електричните столбови и да започнат активности за поставување на ново улично осветлување, атмосферска канализација, водоводна мрежа и нов коловоз.
М.М.