Дефект на примарна водоводна мрежа односно една од главните цевки во Тетово е причина да нема вода во поголем дел од градот. Јавното комунално претријатие (ЈКП) Тетово информираше дека во текот на саботата стручните служби утврдиле појава на дефект на цевка Ф-400 на улица Цветан Димов во близина на зградата на тетовската полиција. Потоа е прекинато водоснабдувањето и почнато е со санирање на дефектот од сабота во 17 часот и 30 минути.
-Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до санирање на дефектот, инфомираат од ЈКП Тетово.
Од работната организација Водовод и канализација при ЈКП Тетово на 29 јуни информираше дека во моментот повеќе од 500 литри вода во секунда изнесува издашноста на планинските извори од кои Тетово се снабдува со вода. Според нивните проценки тоа значи дека во летниот период градот ќе нема проблеми со водоснабдувањето.
-Евентуалните поголеми прекини во водоснабдувањето ќе бидат како појавениот дефект на улицата Цветан Димов каде има една од главните цевки со кои во главно нема поголеми проблеми. Чести дефекти се јавуваат на помали и индивидуални приклучоци поради старост и дотраеност на цевките – изјави Самедин Абедини од Водовод и канализација.
И покрај најавите за доволни количини вода за пиење во текот на летото, сепак надлежните апелираат таа рационално да се користи. Се смета дека граѓаните често знаат да ја злоупотребуваат токму во овој период, за миење на дворовите, улиците пред своите куќи или деловни објекти и слично.
А.С.