Несовесни лица повторно ги оштетија апаратите за влез во јавните тоалети во центарот на Охрид.
Засега непознати лица насилно ги исекле автоматите за наплата на јавните тоалети поставени кај малиот плоштад во непосредна близина на Трговскиот центар „Амам“ во центарот на градот.
Од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ соопштија дека случајот е пријавен во полицијата, а дека тоалетите ќе бидат надвор од употреба се додека не се санира штетата.