Зонското паркирање во Гостивар од денес се реактивира. После седум месеци откако беше укинат, зонскиот паркинг повторно се наплаќа. Иако претходно беше најавувано можно поефтинување, од Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило велат дека за сега цените ќе останат непроменети. Паркирањето чини 25 денари од час за централното градско подрачје и 10 денари од час за периферијата.

Плаќањето на зонскиот паркинг ќе се врши со СМС пораки, билети кои ќе се продаваат на одредени места или со месечни паркинг карти.

Зонското паркирање во Гостивар за прв пат го воведе претходната локална власт со пред околу три и пол години. Во тоа време општината го оформи и Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило.

По промената на власта, актуелното општинско раководство го раскина договорот со фирмата парнер во менаџирањето со системот, а во септември беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство со друга компанија.

А.С.