Заврши санацијата на платото пред Центарот за култура во Кичево, каде дотраените мермерни плочки и бетон беа заменети со нови травертин плочи, по што влезот во храмот на културата во овој град доби сосема нов, поубав, лик.
-Благодарение на средствата што ни ги обезбеди ресорното министерство во износ од 1.154.500 денари, извршена е целосна санација на платото пред Центарот за култура. Наместо старите дотраени и нерамни мермерни плочи, поставени се нови травертин плочи на површина од 200 метри квадратни. Нови травертин плочи се поставени и на степенците од влезот на центарот, со што овој потег во целост го промени својот изглед. Покрај подните травертин плочки, саниран е и плафонот пред центарот и поставено е ново светло со штедливи светилки. Целиот зафат беше завршен во период од два месеци. Со поставуваењто на новите плочки и осветление, платото на центарот со подобрени услови ќе го пречека идното лето, а музичките групи и ансамбли кои тука ќе гостуваат ќе имат неспоредливо подобри услови за настап – рече Мазлам Османи, директор на Центарот за култура.
З.А.