Фото: Зоран Антоски

Патрониот празник на црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево, Петровден , беше одбележан со традиционалната мото-парада што попладнево, по седми пат, се одржа во Кичево.

Над 200 мотоциклисти на различни марки мотоцикли и од повеќе возрасти, мото-караванот го стартуваа од под јарболот кај железничката станица. Тие потоа со парадно возење имаа дефиле низ градските улици, кое го заокружија со посета на црковниот храм, каде запалија свеќи , се помолија за здравје и својата мото-парада ја заокружија со попладневно заедничко кафе во еден локал во градот.

Фото: Зоран Антоски

-Секоја година на ова одбележување на патрониот празник на црковниот храм во нашиот град, како што гледате нѐ има сѐ повеќе приврзаници, а годинава сме над 200 мотоциклисти. Не е важна возраста ниту марката на мотоциклот, важно е да се учествува и да се биде дел од овој веќе традиционален мото-караван. Расположението помеѓу нас мотоциклистите беше извонредно и делувавме како една голема екипа, која има желба да се дружи и да празнува – истакнаа дел од учесниците на мото-парадата.

Многубројните граѓани излезени на улиците беа воодушевени од оваа глетка и со аплаузи ги поздравија учесниците на овогодинешната мото-парада.

Фото: Зоран Антоски


З.А.