БИТОЛА

Од потегот над зоолошката градина во Битола, деновиве почна асфалтирањето на пешачката патека на Тумбе Кафе. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, откако изврши увид во работните активности на Тумбе Кафе, истакна дека поставувањето на новиот асфалт и уредувањето на партерната површина ѝ дадоа комплетно нова слика на претходната повеќедецениска лоша состојба на патеката, која за рекреација и спорт ја користат голем број жители на Битола.
Инаку, градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе Кафе се реализираат во должина од 538 метри, со средства од Општина Битола, во вредност од 5.304.304 денари.