На Републичката манифестација „Вешта жена“, која по 20-ти јубилејен пат се одржа во Кичево, Панде Јовческа беше прогласена за „Вешта жена“ на Кичево за 2020 година, за масата под наслов „Свети Трифун“.
На манифестацијата на која беа присутни околу 300 гости и на која во крајно изедначена конкуренција за Вешта жена за годинава, беше прогласена Панде Јовческа.
Покрај прогласувањето на „Вешта жена“ за 2020 година, специјални награди добија и Мира Илијоска и Нада Димитријоска, кои во изминатите 20 години имаа континуирани учества на оваа женска манифестација, на која гостите ги забавуваше групата „Харизма“ и вокалниот солист Јоце Панов.
– Пред голем број на посетители и во прекрасна атмосфера, во еден ресторан во Кичево, се одржа 20-тата по ред јубилејна Републичка манифестација „Вешта жена-2020“ за Кичево. На годинешната манифестација првото место, во своето второ учество, го освои Панде Јоческа, со што се стекна со титулата „Вешта жена на Кичево за 2020 година“. Јовческа стана лауреат за масата „Свети Трифун“. Покрај прогласувањето на „Вешта жена“, имавме и маса за гран-при, која како и вештата жена ќе се натпреваруваат на завршната манифестација што за 28 пат ќе се одржи, во првата половина на месец мај, во манастирот Лешок. За непрекинато учество на оваа манифестација специјални признанија им беа доделени на Мира Илијоска и Нада Димитријоска – истакна Јагода Петреска, организатор на оваа манифестација во Кичево.
З.А.