Автомобил „Пежо“ утрово можеше да се забележи во водите на Охридското Езеро.
Незгодата во која нема повредени, се случи на паркиралиште на Кејот „Македонија“ во центарот на Охрид, на местото каде се спојува со улицата „Јане Сандански“.
Полицијата врши увид за утврдување на околностите што довеле до оваа невообичаена незгода.